Loading Video...
Фудбал
12. July 2020 - 15:54

ФФМ го одржа Редовното Генерално Собрание

Фудбалската федерација на Македонија денеска го одржа редовното Генерално собрание.
 
Според одобрен здравствен протокол и спроведување на сите заштитни мерки, денеска во Скопје, делегатите на Собранието на ФФМ ги прифатија извештаите за работата на федерацијата, завршната сметка, финансискиот план и буџетот, а воедно и одлуката на УО во однос на регионалната поставеност и промена во системот на натпревари. 
 
-Без единство и без солидароност никој нема да може да излезе од оваа ситуација, знаејќи дека сите сме меѓусебно зависни едни од други. Следната сезона, Првата лига ќе брои 12 клубови. Сметаме дека со враќањето на два големи фудбалски центри, Битола со Пелистер и Струмица со Беласица, во секое коло ќе имаме дерби натпревар, а се надевам дека и младите фудбалери добро ќе се развиваат, дополни првиот човек на мак-фудбалот, Мухамед Сејдини кој на нашите претставници во европските купови им посака среќа и добри резултати. 
 
Воедно претседателот на ФФМ, ги истакна следните предизвици со кои се соочува нашиот фудбал и чекорите кои ќе се преземат во следниот период, со особен акцент на најдобрата репрезентација.
 
„Би сакал да бидеме оптимисти. Европското првенство е остварување на сонот. Јас сум убеден дека македонската репрезентација ќе биде во најдобро издание на плеј-оф натпреварите од Лига на нации и ќе уживаме во моментите на радост“, изјави Сејдини.
 
Делегатите на Собранието го овласти УО да ја утврди буџетска позиција со која ќе се финансираат инфраструктурите проекти.