Loading Video...
Фудбал
11. May 2021 - 19:48

ФФМ го пушти во употреба новиот терен за А.Пандев

Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска во Струмица официјално го пушти во употреба и го предаде на користење најновиот терен со вештачка трева (без полнење со вештачка гума) наменет за ФК Академија Пандев. 
 
Проектот за целосна изградба на теренот со вештачка трева чини 280.000 евра, а нашата федерација средствата ги обезбеди преку Хет-трик програмата на УЕФА.
 
На официјалното отворање на теренот за Академија Пандев беа присутни раководните луѓе на ФФМ, предводени од претседателот Муамед Сејдини, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски и претставникот на Академија Пандев, Мартин Алаѓозовски.
 
 
 
- За Фудбалската федерација на Македонија денот како денешниот кога отвораме нови фудбалски терени секогаш се посебни и значајни. Овој терен е првиот со најмодерна вештачка трева во Македонија, без гранули и во вредност од 280. илјади евра како помош од ФФМ и УЕФА за фудбалскиот регион од кој секогаш произлегуваат македонски фудбалски репрезентативци.
 
- За нас е исклучително важно што докажавме дека ФФМ е способна да реализира важни проекти за македонскиот фудбал, од изградба на инфраструктура до обезбедување услови за најдобрата репрезентација за пласман на големи натпреварувања.
 
- Сигурни сме дека вложувањето во инфраструктурата ќе овозможи клубовите да поставуваат нови цели кои ќе значат успех и за нив, но и за нашите национални тимови.  Токму затоа вложуваме во сите региони во државата. Сакаме да им помогнеме на сите, нашата цел е да направиме заеднички напори и вложувања со клубовите и општините, а сето она што се работи во европските фудбалски центри, мора да се направи и во Македонија, изјави претседателот на ФФМ, Муамед Сејдини.