Loading Video...
Фудбал
26. May 2020 - 16:22

ФФМ реши: Првенството ќе се доигра, а нема да има ниту испаѓање од ПМФЛ

Спортот не бил ниту тема на денешната работна средба Комисијата за заразни болести, која излезе со сет на предлог мерки во повеќе останати области. 
 
Според наши извори, Комисијата за заразни болести би требало во наредните неколку дена да излезат со предлози до Владата, дали ќе има олабавување на мерките и евентуални какви би биле тие, кога во прашање е спортот, пред се колективниот. 
 
Доколку се суди според најновата информација која ни доаѓа од Фудбалската федерација на Македонија, а е објавена на нивната официјална веб страна, здравствените власи најверојатно набргу ќе даде зелено светло за спортот. 
 
Имено ФФМ, информира дека Комисијата за натпреварување при федерацијата донела предлог одлуки за продолжување на прекинатата натпреварувачката сезона Прва лига. 
 
По двата одржани состаноци, и предлозите кои ги испрати федерацијата до клубовите со 6 гласа „за - сценариото број 2“ првенството ќе продолжи иако четири клуба беа против ваквата одлука односно бараа прекин на шампионатот. 
Според најавите, првенството ќе треба да продолжи во периодот од 14 до 21 јуни,  а ќе се игра по скратен систем 
 
Тоа значи доигрување на преостанатите 4.коло од третиот круг, по што првопласираните шест екипи ќе преминат на одигрување односно плеј-оф кој предвидува дополнителни пет натпревари. 
 
Конечниот пласман на табелата по плеј-офот ќе ги промовира првопласираните три екипи во наши претставници во европските купови за следната сезона, на кои ќе им се приклучи и освојувачот на Купот на Македонија. 
 
Затоа пак, раздигувањето во плеј-аут (на последно пласираните четири екипи по завршување на третиот круг) нема никаква логика бидејќи без разлика на конечниот пласман ниту еден тим нема да ја напушти прволигашката конкуренција.
 
Дополнително ФФМ и УО ќе треба да решат дали следната сезона Првата лига ќе биде проширено за два клуба (Пелистер и Беласица). 
 
Сите натпревари ќе се играат без присуство на гледачи на стадионите, а ќе биде ограничен и бројот на присутни лица кои ќе бидат дел од организацијата на натпреварите.
 
Што се однесува до сите останати  натпреварувања кои се во организација на ФФМ тие нема да продолжат.