ФФРМ го одбележува Меѓународниот ден на руралната жена

Со мирен марш и хуманитарна акција, Федерацијата на фармери (ФФРМ) и Мрежата за рурален развој денеска во Ресен и Отешево ќе го одбележат 15 октомври, Меѓународниот ден на руралната жена.
Целта е да се истакне потребата од економско јакнење на руралната жена, нејзино поголемо инволвирање во креирањето на земјоделските политики, како и заедничката борба против дискриминацијата и традиционалните бариери кои најмногу прават проблем во едукацијата и развојот на руралните жени.
Маршот ќе почне напладне, во 12 часот, а потоа прославата продолжува во Отешево во 13:30 часот со хуманитарна акција. Собраните средства од акцијата ќе се наменат за сиромашно семејство од Преспа.
Денот на руралната жена во Македонија се одбележува со два дена задоцнување поради локалните избори, а во организацијата, покрај ФФРМ и Мрежата за рурален развој, е вклучено и Здружението на овоштари „Благој Котларовски“ од Ресен, членка на ФФРМ. На двата предвидени настана ќе присуствуваат жени-земјоделци, но и претставници на научни, образовни и други институции кои соработуваат со руралното население.
Денот на руралната жена годинава е под мотото „Предизвици и можности за прилагодување на земјоделството на климатските промени за родова рамноправност и зајакнување на руралните жени и девојки“.
- Во земјоделството, климатските промени ги влошуваат постојните бариери за родова еднаквост со кои се соочуваат жените-земјоделци. На глобално ниво, жените сочинуваат 43 проценти од земјоделската работна сила и играат клучна улога во поддршката на безбедноста на храната во домаќинствата и во заедницата. Меѓутоа, поради дискриминаторски политики или нееднакви социјални норми, жените-земјоделци имаат помал пристап од мажите за да обезбедат сопственост на земјиште, финансирање, вода и енергија, соодветна инфраструктура, технологии и услуги за проширување, се вели во пораката на UN Women.
Ново на Сител
-

Рубио: Притисокот на САД врз сојузниците во НАТО да вложуваат повеќе во одбраната не е непријателска работа
-

Трамп: Секој што го користи терминот вештачка интелигенција е „непријател“
-

Алармантни бројки од Онкологија: Лани откриени 1.000 нови случаи на рак на дојка, 7.000 заболени се на активен третман
-

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европска интеграција, Коридорот 8 овозможува тој принцип да се оствари
-

Жена нападната и расечена со остар предмет од партнерот во Скопје
-

Кривична за угостител од Дебар, послужил алкохол на малолетник кој подоцна физички нападнал свој врсник
-

Повторно искршено детско игралиште во Кисела Вода: „Неколку пати се поправаше, сè е за ништо“
-

Кај 43-годишник од скопско пронајдени пушка, пиштол, муниција и шприцови со масло од канабис
