Loading Video...
Кошарка
15. July 2020 - 19:50

ФИБА и Мекејлеб потсетија на историската победа против Литванија

Во европската кошарка нема речиси никакви активности па тоа е можност за потсетување на интересни моменти и натпревари кои долго се паметат.  ФИБА овојпат го препорача историскиот дуел во Каунас каде Македонија за првпат се пласираше во полуфиналето на едно европско првенство. 
За точно два месеци ќе се заокружат девет години од големата победа на македонската кошаркарска репрезентација против Литванија  која тогаш беше домаќин на ЕП  на кое со поените на Владо Илиевски го срушивме првиот фаворит на турнирот и потоа разигрувавме за прв медал од големите натпреварувања против Русија која на крајот го освои бронзениот медал а ние завршивме како четврти. 
За европската федерација како и за нас ова се историски моменти кои не се забораваат бидејќи беа драматични и  ја обезбедија најголемата победа  за македонската кошарка.   Покрај Илиевски блескаше Американецот со македонски документи Лестер Бо Мекејлеб кој постигна 23 поени. 
Мекејлеб денеска на твитер исто така потсети на тој момент како еден од најубавите во неговата кариера и пред се поради фактот што влезе во најдобриот тим на првенството.