Loading Video...
Кошарка
31. March 2020 - 18:12

ФИБА реши: Лигата на Шампионите ќе се игра финален турнир крајот на септември и почетокот на октомври

Ви ист правец како и раководството на НБА лигата размислуваат и во ФИБА. И тие не се откажуваат од идејата, да се одиграат натпреварите 
 
На состанокот на бордот на Лигата на Шампионите, која е во организација на ФИБА, донесена е одлука кошаркарската Лига на шампиони да биде одложена за крајот на септември, односно почетокот на октомври 2020 година.
 
Бордот на ФИБА по пат на видео-конференциска врска реши сите натпревари од актуелната сезона што не се одиграле, а беа предвидени во приодот март, април мај 2020, да се играат на крајот на септември и почетокот на октомври. 
 
Следејќи ја пандемијата со Корона вирусот како и актуелните мерки кои ги преземаат сите земји, од ФИБА првенствено веруваат дека кризата ќе биде надмината и откако ќе се обезбедат соодветни, пред се безбедносно здравствени услови, натпреварите би се одиграле. 
 
- Одборот на ЛШ донесе едногласна одлука за продолжување и завршување на сезоната 2019-2020 со организирање на Финален турнир со осумте најдобри, и тоа преку систем на елиминации, четвртфинале, полуфинале и финале, што ќе се одржи во периодот од 30 септември до 4 октомври 2020 година, се вели во соопштението на ФИБА. 
 
Домаќинот на турнирот и дополнителни детали за натпреварите ќе бидат објавени дополнително.