Македонија
28. July 2021 - 17:12

Филипче најавува рестрикции на движењето за невакцинираните

Нема другa можност освен воведување рестриктивни мерки за невакцинираните на места каде ризикот е голем, со цел да го заштитиме другото население, , изјави министерот Филипче денеска во Битола потенцирајќи дека изминатата година можевме да видиме што значи да нема вакцина за една болест. Внимателно ги следат примерите од другите земји.

- Ги гледаме тие примери, има приватни компании сакаат вработените да им се вакционираат,да можат нормално да функционираат. Ние ќе го штитиме јавното здравје со тоа што евентуално би вовеле такви мерки таму каде што има можност за масовни собири, јавни настани. За конкретните мерки ќе разговараме подетално во август, но доколку видиме дека стагнира процесот на вакцинација, сега имаме највисока стапка на вакцинација споредено со многу земји во регионот, но нема да имаме друго чаре освен да воведеме такви мерки ако тој интерес спласне, изјави Венко Филипче, Министер за Здравство.

Што се однесува пак за почетокот на учебната година, засега учениците ќе почнат со физичко присуство. Заедно со министерството за образование, разработиле три сценарија во зависност од епидемиолошката ситуација. 

-Ако епидемиолошката ситуација е како сега, сите ученици ќе почнат за нешто повеќе од еден месец со физико присуство, за што постојат протоколи. Доколку се влоши епидемиолошката ситуација спремни сме и тука да интервенираме за тоа како се организира наставата, изјави Филипче.

Филипче рече дека нема во план да се наметне правило за вакцинација на децата и тоа да биде задолжително за училиштата или фалултетите, но мерките кои би се вовеле на местата со ризик ќе важат за сите возрасни групи.