Филипче: Вакцинацијата за деца нема да биде задолжителна, но јас ќе ги вакцинирам моите деца
Да се разбира дека ќе ги вакцинирам моите деца. Единствен начин да стигнеме до колективен имунитет е и децата да се вакцинираат, изјави министерот за здравство Венко Филипче.
– Има земји каде вакцинацијата на децата е задолжителна, односно нем да ги примат децата во училишта ако не се вакцинирани. Кај нас нема да биде задолжителна вакцината. Но, јас да, ќе ги вакцинирам моите деца – изјави Филипче.
Тој повтори дека засега нема одлука за нови рестрикции на границите иако заболените со делта сојот се вратени од странство. Филипче вели дека тоа што сè уште не се знае е тежината на клиничката слика кај луѓето што се и тие што не се вакцинирани, а се заразиле со делта сојот. Тој вели дека затоа акцент се ставаме на вакцинацијата.
– За конкретни препораки ќе разговараме неделава. Ќе се зборува дали нешто треба да се препорача за критериумите за влез на граница, иако гледаме дека многу земји во регионот иако имаат некакви рестриктивни мерки, Грција на пример, има пораст на нови случаи. Треба да се препорачаат мерки кои што навистина ќе бидат ефикасни.Во овој момент ситуацијата е мирна нема многу прегледи и сметам дека нема потреба од нови мерки – рече Филипче.
Ново на Сител
-
Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности
-
Вембањама прогласен за дебитант на годината во НБА
-
Вечерва ќе се одржи првото полуфинале на Евровизија
-
Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи
-
Приведени малолетници, со закана со нож одзеле пари од други малолетници
-
Тројца повредени во тешката сообраќајка во скопско Влае
-
Лани над еден милион туристи од Македонија ја посетиле Грција
-
Во Охрид денеска ќе гласаат 239, а во Дебрца 34 стари и изнемоштени лица