Македонија
27. December 2021 - 11:35

Филипче: Во моментов нема знаци на влошување на епидемиолошката состојба

Минстерот за здравство, Венко Филипче денеска во изјава за медиумите по посетата на СБГА „Мајка Тереза“, односно Гинекологија  Чаир појасни дека не се потребни нови мерки.

-Во моментов нема знаци на влошување на епидемиолошката состојба. Сметам дека сите земји треба да научат да живеат со постоечките мерки, секако тука е и вакцинацијата. Не се потребни нови мерки, рече Филипче.