Филипче: Здравството е на прав пат, проектираме нова општа болница во Струга
Како и изминатите 2 години продолжуваме со инвестиции во инфраструктурата, опремата, системот и во вработувањата, пред се на младите во здравството, истакна претседателот на комисијата за здравство на СДСМ Венко Филипче, на трибината „На прав пат“ во Струга.
Нема потреба младите лекари да размислуваат да заминуваат во странство, тие тука треба да останат да работат, да се надградуваат и да пружаат здравствени услуги за нашиот народ, рече Филипче, и нагласи дека тоа се овозможува со мерката сите доктори што ќе завршат медицински факултет, да добијат платено работно место за 6 месеци, а од идната година тоа ќе се зголеми на цела година.
Тој додаде дека се дадени над 5 илјади согласности за вработувања во здравствените установи во државата така што нема здравствена институција, каде капацитетот на вработени не е зголемен за најмалку 10 проценти.
Филипче се осврна и на другите мерки за унапредување на здравството, како укинувањето на квотите за лекови, зголемување на капитацијата на матичните лекари, нови лекови за ретки болести, нови типови на инсулин.
Филипче најави дека започнува проектирање на нова општа болница на Струга, која ќе се гради на патот за Ќафа сан.
Следната недела започнува реконструкција на покривот на централот за дијализа во Струга, кој наскоро треба да добие 5 нови апарати за дијализа, најави Филипче на граѓанската трибина „На прав пат“ во Струга.
Ново на Сител
-
Во општина Гостивар гласале над 20 илјади граѓани
-
До 15 часот во Велес излезеноста 38,93 отсто, во Чашка 37, а во Градско 41,64
-
МВР: Регистрирани пет нови инциденти при гласање ширум државата
-
Оваа година поголем одзив до 15 часот во споредба со 2019
-
Излезеноста во Куманово до 15 часот 33 проценти, во Липково 25, во Старо Нагоричане 35
-
Излезеноста на изборите до 15 часот во Дебар 22, во Центар Жупа 13,11 отсто
-
Во Новаци гласале повеќе од половина жители, најмала излезност во Центар Жупа
-
Излезноста до 15 часот е 35,89 отсто