Финансиска поддршка за приватните фирми за исплата на плати за вработените
Финансиска поддршка за компаниите од приватниот сектор за исплата на плати за вработените во висина на минимална лата од 14.500 денари за април и мај и 50 проценти субвенционирање на придонесите за плата се дел од вториот пакет мерки што денеска ги презентираше Владата за ублажување на последиците од коронавовирусот.
Премиерот Оливер Спасовски на прес-конференцијата во Владата информира дека ќе биде отворена посебна владина програма за финансиска поддршка на работодавачите погодени од кризата.
– Со мерката се поддржува ликвидноста на работодавачите од приватниот сектор, односно се намалуваат нивните трошоци за плати во функција на заштита на работните места и на работниците во услови на криза, истакна Спасовски.
Услови за да се користи оваа мерка е компаниите да немаат исплатено дивиденда, бонуси, годишни награди и награди за деловна успешност и да имаат најмалку 30 проценти намалуавње на приходите споредено со просекот од минатата година, односно сезонскиот просек за фирмите кои вршат сезонска дејност.
– Работодавачите што ќе добијат финансиска поддршка од оваа мерка имаат обврска истиот број на вработени што го имале во моментот на аплицирање да го задржат заклучно со септември 2020 година. Добиената финансиска поддршка нема да ја враќаат работодавачи што искажале загуба за 2020. За останатите, враќањето е лимитирано до износ од 50 проценти од добивката пред оданочување зголемена за оданочовите расходи, рече Спасовски.
Ново на Сител
-
Најстудено во Лазарополе, најтопло во Дојран
-
Течат роковите за приговори до ДИК, партиите продолжуваат со изборните активности
-
ЦУК: 1.694 повици на 112 во последното деноноќие
-
Состојба на патиштата
-
САД денеска ќе објават нов пакет помош во оружје за Украина вреден шест милијарди долари
-
Додик подготвен да се поклони пред бошњачките жртви во Сребреница, но не признава геноцид
-
Зеленски повика на инвестиции во украинската одбранбена индустрија
-
Утрото постудено, преку денот сончево со умерена облачност