Финансова полиција со кривична пријава против три физички и две правни лица за фалсификување деловни книги

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднела кривична пријава против три физички и две правни лица поради основани сомненија дека ги сториле кривичните дела фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.
- Првопријавениот И.Б во својство на службено лице во Министерство за енергетика, рударство и минерални суровини - Биро за метрологија, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ. Второпријавениот З.А во својство на управител на Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 и Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ. Третопријавениот А.З. во својство на управител на правното лице Друштво за трговија, услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје заради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ, соопштија од Управата за финансиска полиција.
Четвртопријавеното правно лице Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје е заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ, додека петтопријавено правно лице Друштво за трговија, услуги и градежништво ЛТА ПЕТРОЛ СЕРВИС ДООЕЛ Скопје, заради постоење на основано сомнение дека го сторил кривичното дело Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.2 од КЗ на РМ.
Како што се појаснува во соопштението, второпријавениот во својство на управител на четвртопријавениот правен субјект Друштво за производство, трговија и услуги ТРИТЕРОЛ ПЕТРОЛ ДООЕЛ Скопје во декември 2022 година, изготвил документи со невистинита содржина за наводна набавка на резервоари за нафтени деривати, помогнат од третопријавениот, ги употребил во правниот сообраќај на начин што преку петопријавениот правен субјект ЛТА Петрол Сервис ДООЕЛ Скопје ги доставиле до Биро за метрологија заради вршење на верификација на истите.
Првопријавениот во својство на службено лице во Биро за метрологија изготвил табели за зафатнина на резервоари во сопственост на четвртопријавениот правен субјект во кои внесол невистинити податоци со што извршил фалсификување службена исправа која му ја ставил на располагање на второпријавениот .
- Со внесувањето на невистинитите податоци во службените исправи кои ги изготвил, првопријавениот му овозможил на второпријавениот да ги употреби овие невистинити документи во понатамошната постапка за зголемување на капацитетот на складот за нафтени деривати што му било потребно за продолжување на лиценцата за вршење на енергетска дејност Трговија на големо со сурова нафта, нафтени деривати, биогорива и горива за транспорт, заради усогласување со Законот за енергетика и прописите и правилата донесени врз основа на истиот, посочуваат од финансиската полиција.
Со вака преземените дејствија пријавените ги сториле кривичните дела Фалсификување или уништување деловни книги по член 280 ст.2 од КЗ на РМ, Употреба на исправа со невистинита содржина по член 380 ст.1 и ст.2, Фалсификување службена исправа по член 361 ст.1 од КЗ на РМ и Помагање по чл.24 од КЗ на РМ.
Ново на Сител
-

Сончево со мала до умерена облачност
-

Кривична за полицаец, возел со активна забрана за управување, двојно побрзо од дозволеното и пијан
-

Пет пријавени случаи за семејно насилство во последното деноноќие, уапсено едно лице
-

Опожарени пет возила под скопското Кале покрај Вардар, едно лице повредено
-

Трамп тврди дека САД му забраниле на Израел да го напаѓа Либан
-

Арагчи: Ормуска Теснина е целосно отворена за комерцијален сообраќај
-

Делегација на Собранието учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Започнува реставрацијата на црквата „Св. Атанасиј Велики“ во Габрово, обезбедени средства и изработени проекти
