Loading Video...
Свет
18. May 2022 - 16:30

Финска и Шведска поднесоа апликации во НАТО

Финска и Шведска и официјлано аплицираа за прием во НАТО, поттикнати од загриженоста за нивната безбедност по руската инвазија на Украина. Нивните барања сега мора да бидат разгледани и поддржани од 30 земји членки. Пристапниот процес се очекува да трае две недели. Засега проблем претставува заканата  на претседателот на Труција дека ќе го блокира приемот на  двете нордиски земји во НАТО заради нивната наводна поддршка на Курдите. Првиот човек на НАТО  на кратката церемонија во седиштето  на Алијанстата изјави дека станува збор за историски момент, кој мора да се искористи.

А војната во Украина влезе во 84 ден. Борбите продолжуваат на повеќе фронта. Продолжуваат и напорите на украинските власти да ги спасат преостанатите борци од челичарницата Азовстал во Мариупол, која е во рацете на руската армија. Вкупно  959 борци на украинската армија и батаљонот Азов кои се криеле во челираницата  досега се предадоа и се однесени во области под руска  контрола соопшти Руското минситесртво за одбрана.

Каква ке биде нивната судбина е нејасно. За Украинската влада, тие се херои на државата и се надева да ги замени за руските воени заробеници, но Русија очигледно засега не е заинтересирана за такво  нешто. Главното федерално истражно тело на Русија соопшти дека има намера да ги испрашува војниците за да ги „идентификува националистите“ и да утврди дали тие биле вклучени во злосторства против цивили во источниот дел на Украина.. Исто така, главниот руски обвинител побара од Врховниот суд на земјата да го прогласи украинскиот Азовски полк за терористичка организација.