Финска најавува протерување на 20.000 бегалци
Финска и се приклучи на Шведска и најави планови за протерување на 20.000 бегалци кои бараа азил во оваа земја.
Тие нордиски земји се соочени со непредвиден мигрантски бран.
Финската Влада соопшти дека ќе го одбие барањето на 20.000 од 32.000 бегалци, колку што пристигнале во текот на 2015 година.
Претставник на Владата, Паиви Нерг, рече дека тоа се две третини од мигрантите кои ќе бидат одбиени.
Минатата година Финска ги заостри процедурите за добивање азил на мигрантите кои доаѓаат од Ирак, Авганистан и Сомалија, бидејќи според нивните тврдења, ситуацијата во тие земји се подобрила.
Финска планира да направи одвоен транзитен центар за оние кои ќе бидат депортирани и друг центар за оние кои по своја волја сакаат да заминат од земјата.
Таа одлука Финска ја донесе откако Шведска објави дека ќе депортира 80.000 луѓе на кои им е одбиено барањето за азил.
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.