Loading Video...
Свет
15. May 2022 - 19:45

Финска официјално бара членство во НАТО, неформален НАТО состанок во Берлин, Вучиќ стравува од ширење на воениот конфликт

Финска донесе одлука за влез во НАТО. Официјалното барање ќе биде доставено деновиве, за кога се очекува и Шведска да донесе конечна одлука. 

Претставници на овие две држави синоќа беа дел од неформалната средба на министрите за надворешни работи на НАТО членките во Берлин. Тие и денеска разговараат за состојбата во Украина но, и за проширувањето на Алијансата. Македонија со поддршка за новите аспиранти.

Според Столтенберг, Алијансата ќе се зајакне со зачленувањето на Финска и Шведска, кои веќе се долгогодишни партнери на НАТО. 

Но, членките не се со единствен став во врска со проширувањето.

Русија веќе објави дека ќе преземе соодветни мерки ако НАТО распредели сили во близина на нејзината граница и веќе е закажан состанок на тема безбедност идната недела.

Српскиот претседател Вучиќ стравува од проширување на кризата.

На европско тло се води реална војна и секако дека постои опасност од проширување, сметаат експертите. Но, тоа што НАТО покажува интерес за брзо интегрирање на Нордиските земји, според аналитичарите, не значи дека истата привилегија ќе ја имаат и државите од Западен Балкан.

Влезот на Шведска и Финска во НАТО нема да промени многу, бидејќи тие секако се официјални партнери на Алијансата од 1994 година. Единствената разлика ќе се однесува на директните воени дејства што подразбира дека напад на една членка претставува напад на целата Алијанса. 

За двете земји да станат дел од НАТО потребна е согласност од сите 30 членки.