Финска забрани преминување на границата со Русија со велосипед

Финската гранична полиција забрани преминување на границата со Русија со велосипед, па сега е дозволено преминување само со автомобил, објавија локалните медиуми, повикувајќи се на граничната полиција на Лапонија, најсеверниот фински округ.
Мерката е воведена поради тоа што се повеќе бегалци влегле во Финска од Русија на велосипед, а ќе биде применувана само на два гранични премини на северот на Финска, јави ТАСС.
Во соопштението на пограничната полиција се наведува дека мерката е воведена затоа што „возењето велосипед преку зима претставува опасност по самите велосипедисти, како и за другите учесници во сообраќајот“.
Oд средата до петокот ниту еден барател на азил не пристигнал на финските гранични премини, додека вчера стигнал автомобил со шест патници. Од нив петмина побарале азил, додека шестиот, руски државјанин, не го сторил тоа, но е осомничен за организирање илегален превоз на бегалци преку граница.
Ново на Сител
-

Инцидент во Аеродром: Пресметка меѓу навивачите на МЗТ Скопје и Работнички, еден повреден
-

САД ја предупреди Москва за голем терористички напад - затворен познат музејски комплекс
-

Почина легендарниот пејач Мишо Ковач
-

Ѓорѓиевски: Бесплатен разглед на Матка и Врело - светот слушна за нашето богатство, време е сите да го доживееме
-

Народната банка: Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, а сите банки во земјава се под непосреден супервизорски надзор
-

Фрлал камења и земја на улица во Ѓорче Петров, па нападнал жена која се обидела да го сними
-

Куче без надзор и маска каснало жена во Кратово, сопственичката доби кривична пријава
-

Тројца вооружени разбојници ограбиле обложувалница во Чаир
