-->
-->
Флик: Она што го постигнавме во последните неколку недели е сензационално
-->
Тренерот на Баерн Минхен, Ханс-Дитер Флик, беше горд на своите фудбалери, откако го освои германскиот куп против Баер Леверкузен со 4:2.
Баварците ги совладаа „аспирините“ во финалето и направија дубл во земјата, откако ја освоија титулата пред неколку недели.
Ова беше 20-ти германски Куп за Баерн Минхен и тие и понатаму се рекордер за освоени трофеи во земјата.
– Горди сме што го напуштивме теренот како победници. Се радувам што го направивме тоа. Она што тимот го постигна во последните неколку недели е сензационално. Ставот на играчите е едноставно фантастичен. Многу сум среќен. Начинот на кој се претставува тимот е исклучителен. Има само радост по овој натпревар, рече Флик.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација