Фон дер Лајен: 2025-та мора да биде година на напредок во проширувањето на ЕУ
Светот забрзано се менува, а Европската Унија мора да го следи овој тренд.
Шефицата на Европската комисија вели – 2025-та ќе биде година на обединување на европското семејство. Според Фон дер Лајен врвен приоритет на европските институции мора да биде напредокот на сите земји кандидатки на патот кон членство во Унијата.
- Во наш заеднички интерес е да го обединиме европското семејство. На почетокот на овој нов мандат, сакам да бидам многу јасна – 2025 година мора да биде година на напредок за сите тие земји на нивниот пат кон членство во ЕУ врз основа на заслуги. Тоа е во наш суштински интерес и ќе биде врвен приоритет во следните пет години, рече Фон дер Лајен
Проширувањето на ЕУ е геополитичка неопхоност, порача и претседателката на Европскиот парламент. Според Мецола руското мешање во земјите од Западен Балкан станува предизвик за европската колективна безбедност, а унијата во последната деценија загуби повеќе членки, отколку што прими.
- ЕУ не смее да продолжи да го развлекува процесот на проширување и расправата за него да ја префрла од еден на друг самит, со усвојување на заклучоци кои понекогаш имаат 27 или дури 27 плус 3 различни толкувања. Ако продолжите да го правите сето ова, тогаш други ќе се појават за да ја пополнат празнината, порача Мецола.
И Фон дер Лајен и Мецола се фокусираа на најавените царини од САД. Порачаа дека никој нема да има корист од трговска војна и затоа ќе работат на нејзино избегнување, но истовремено унијата ќе биде подготвена да одговори на секој предизвик.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар