Loading Video...
Свет
1. December 2021 - 16:36

Фон дер Лајен: ЕУ мора да размисли за воведување задолжително вакцинирање против Ковид-19

Европската Унија мора да размисли за воведување на задолжително вакцинирање против Ковид-19 за граѓаните како одговор на ширењето на новиот сој Омикрон изјави шефицата на Европската комисија.

Борбата против пандемијата бара заеднички пристап низ целиот блок.150 милиони жители на Унијата се уште не се вакцинирани вели Фон дер Лајен. Нејзината изјава следи откако по Австрија  и Грција потврди дека ќе почне да спроведува задолжително вакцинирање, мерка за која веќе размислува и Германија.

Сојот октриен во Јужна Африка е детектиран во уште најмалку 17 земји, од кои повеќето се членки на Унијата.