Фонсека: Не знам дали ќе ја тренирам Рома следната сезона
Пауло Фонсека не знае дали во следната сезона повторно ќе ја предводи Рома. Римскиот клуб синоќа одигра 1:1 со Ајакс и со вкупни3:2 се пласира во полуфиналето на Лига Европа.
– Мислам дека игравме добро во одбраната. Имавме помалку проблеми отколку во Амстердам. Ајакс игра многу добро, особено во нападот. Никогаш порано не сум се пласирал во полуфиналето, затоа сум многу горд на тоа. Ова е гордост за Рома, сите сме многу среќни. Се обидовме да дејствуваме прагматично. Знаевме дека имаме предност по првиот натпревар и дадовме се од себе да ја сочуваме оваа предност. Да се дојде до полуфиналето не менува ништо. Не знам дали ќе бидам тренер на Рома следната сезона. Сопствениците на клубот отсекогаш биле многу блиски до сите нас и ние го чувствуваме нивното присуство, изјави Фонсека за „Скај Спорт Италија“.
Во полуфиналето од Лигата на Европа, Рома ќе игра со Манчестер јунајтед на 29 април и на 6 мај.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер