Македонија
24. јуни 2021 - 16:39

Форум на СПМ: Научната јавност да биде вклучена во носењето решенија

Државен консензус каде освен гласот на политичарите, ќе се земе предвид и мислењето на научната фела - ова според историчарите е најсоодветно решение кога станува збор за заштита на македонскиот јазик и идентитет во време кога земјава се соочува со пречки на патот кон ЕУ од страна на Бугарија.

Професорката Наташа Котлар Трајкова од Институтот за национална историја реагира дека во време кога институциите треба будно да ја следат ситуацијата и да постапуаат, тие молчат.

На ист став е и историчарот Бранислав Светозаревиќ, кој вели дека многу земји меѓу кои и Бугарија веќе имат усвоено доктрина со која го штитат идентитетот на својот народ во целиот свет. А токму ваква стратегија и недостасува на Македонија.

Овие ставови беа изнесени на денешната трибина по повод одбележување на 160 години од извадањето на Зборникот на браќата Миладиновци, настан кој го организираше социјалистичката партија на Македонија и институтот Хабеас Корпус. Сите учесници се согласија и испратија пораки дека делото на браќата Миладоновци говорат за тоа дека македонскиот јазик постоел многу порано пред 1944 година, и дека местото му е во семејството на словенските јазици.