Свет
13. December 2016 - 12:33

Франција апелира ОН да утврдат што се случува во Алепо

Франција денеска апелираше Обединети нации да ги употребат сите механизми да утврдат што се случува во сирискиот град Алепо предупредувајќи ја Русија дека ризикува да биде соучесник во актите на „одмазда и терор“ во градот.

Шефот на француската дипломатија Жан Марк Еро изјави дека порастот на непроверени извештаи за злосторства врз голем број цивили извршени од силите на сириската Влада и поради тоа под итно треба да се воспостави примирје.

- Ги повикувам ОН без одложување да ги употребат сите механизми за да ја дознаат вистината и што се случува во Алепо и меѓународната заедница да не дозволи таквите злосторства да поминат некането, посочи Еро.