Франција го отфрли предлогот на Меркел за бегалците
Франција се изјасни против воспоставувањето на постојан механизам за прераспределба на бегалците во Европската унија, што го предложи германската канцеларка Ангела Меркел, јави дописникот на МИА од Берлин.
- Франција не е за предлогот за воспоставување постојан механизам. Време е да се имплементира тоа што беше разговарано и преговарано - регистрациски центри за нови бегалци, контроли на надворешните граници на ЕУ и другите мерки, изјави францускиот премиер Мануел Валс во Минхен, каде учествува на Безбедноста конференција/
Валс нагласи дека ЕУ треба да испрати порака дека веќе не може да прима нови бегалци.
Коментарите на Валс доаѓаат неколку дена пред состанокот на лидерите на ЕУ на кој што се очекуваат решенија за најголемата европска бегалска криза по Втората светска војна.
- Франција се согласи да профати 30 илјади бегалци и нашите врати за нив остануваат отворени. Но не повеќе од тоа, порача францускиот премиер, признавајќи дека овие бројки во споредба со бројот на бегалци кои што ги прими Германија се незначителни.
Францускиот претседател Франсоа Оланд во септември по трагичната судбина на тригодишното момче Ајлан Курди, кое се удави на турскиот брег, имаше поинаков став од оној што сега го изнесува Валс.
Кооперативната позиција во однос на германските предлози, кои се дијаметрално спротивни на позицијата на Франција што сега ја промовира Валс, почна да се менува по терористичките напади во Париз лани во ноември.
Ново на Сител
-
Фрлена бомба во двор во Керамидница, едно лице повредено
-
Маж се самоубил пред зградата на Врховниот суд на Бразил
-
За 20% поскапува такси превозот во Скопје?
-
Со „ауди“ превезувал 8 мигранти, уапсен 27 годишен скопјанец за криумчарење мигранти
-
ДЗР: Континуираните загуби во работењето на АД Пошта влијаат на квалитетот на услугата
-
Холандската полиција уапси 281 лице на забранетиот пропалестински протест
-
Французин добил 80,5 милиони евра обложувајќи се на победа на Трамп
-
Уште еден скандал го тресе англискиот фудбал - Судија од Премиер лигата фатен како шмрка кокаин | ВИДЕО