Франција понуди да лекува болни и ранети палестински деца од Газа
Франција ќе испрати воен брод во Источниот Медитеран за да им пружи медицинска помош на Палестинците на кои им е потребна, соопшти денеска кабинетот на претседателот Емануел Макрон.
Како што јави ДПА, се очекува за неколку дена во Египет да пристигне носач на хеликоптери од француската морнарица.
Во исто време, на почетокот на неделава е предвидено во регионот да замине уште еден авион натоварен со медицинска опрема и хуманитарна помош.
Париз, исто така, ја изрази својата подготвеност да прифати болни и повредени палестински деца од Појасот Газа на кои им е потребна итна медицинска помош, што ќе им биде обезбедена во француските болници.
Досега само релативно мал број од ранетите успеале да го напуштат блокираниот Појас Газа.
Во петокот, египетската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 70 лица, вклучително и група деца, ќе бидат лекувани во Обединетите Арапски Емирати, кои понудија да примат до 1.000 деца од Појасот Газа на медицински третман.
Макрон вчера имаше телефонски разговор со египетскиот претседател Абдел Фатах ал Сиси. Според Елисејската палата, тие се согласиле дека грижата за ранетите во Газа и испораката на хуманитарна помош треба подобро да се координираат.
Исто така, неопходно е да се дозволи влез на повеќе камиони во палестинската енклава, соопшти француското претседателство.
Ново на Сител
-
Опожарен стан во Ѓорче Петров, гори ѓубриште во домот „Ранка Милановиќ“
-
Русија осуди тинејџер на 12 години затвор поради испраќање пари на армијата на Киев
-
Радев: На државниот врв на Република Северна Македонија им недостасува познавање на меѓународното право
-
Трипуновски: Ги потпишав сите заостанати договори и документи во Министерството
-
Најмногу дожд наврнал во Охрид
-
На „Табановце“ се чека околу 20 минути за влез во земјава
-
Србија: Го величел напаѓачот пред израелската Амбасада во Белград и признал дека ја поддржува ИД
-
Пожарникари од четири земји и ова лето ќе бидат лоцирани во Грција за да помагаат во гаснењето на пожарите