-->
-->
Франција прв полуфиналист на Европското ракометно првенство
-->
Ракометарите на актуелниот светски првак во првиот денешен натпревар од програмата во групата 1 во Загреб очекувано ја совладаа Србија со 39:30.Репрезентацијата на Франција е првиот полуфиналист на Европското првенство во ракомет што се одржува во Хрватска.
Ракометарите на актуелниот светски првак во првиот денешен натпревар од програмата во групата 1 во Загреб очекувано ја совладаа Србија со 39:30 (19:12).
Независно од исходот од последниот дуел на Франција со Хрватска што се игра во среда „триколорите“ се веќе пласирани во борбата за медалите. Воедно тие се единствената селекција со максимален учиниок досега на шампионатот. Најефикасни на денешниот дуел беа Лука Карабатиќ кај Франција и Немања Зеленовиќ во редовите на Србија, двајацата со по 7 голови.
Во вториот натпревар во „Арена Загреб“ ќе играат Шведска и Белорусија.
Франција е прва на табелата со 8 бодови, Хрватска има 6, Шведска 4, Норвешка 4, Белорусија 0 и Србија 0.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Над 130.000 казни од почетокот на „Safe City“, 95% од нив за брзo возење
-

Цената на дизелот се зголемува за 2,5 денари, на бензините за еден денар
-

Водата во Скопје е безбедна за пиење
-

Уапсени две лица за пожарот кај „Рампа“ – повреден пожарникар и оштетени две противпожарни возила
-

Уапсен велешанец поради предизвикување пожар во Долно Оризари
-

Уапсени 11 лица кај кои е пронајдена дрога, при претрес во Затвор Идризово кај осуденик пронајдени таблети
-

ЦУК: Активен пожарот во месноста Пармакови Ниви во Кумановско
-

Фон дер Лајен: Итната потреба на Украина за посилна воздушна одбрана ќе биде тема на самитот на НАТО
