Француски суд го ослободи Рамуш Харадинај

Судот во францускиот град Колмар денеска издаде наредба за ослободување од притвор на поранешниот косовски премиер и актуелен лидер на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, јави Танјуг.
Според судското решение, Харадинај е ослободен од притвор со кауција, но му е забрането да ја напушти Франција се додека Судот на донесе одлука по барањето на Србија за негова екстрадиција.
На Харадинај му е одземен пасошот и тој ќе мора двапати неделно да се јавува во надлежната полициска управа.
Судот дополнително ќе решава по барањето на српските власти за негова екстрадиција во Србија, која го товари за воени злосторства.
Министерството за правда на Србија вчера кон барање за екстрадиција достави и нови докази против Харадинај.
- Дополнувањето на барањето за екстрадиција на Харадинај ќе биде испратено денеска, изјави вчера српската министерка за правда Нела Кубуровиќ, истакнувајќи дека Србија го бара Харадинај за злосторства над цивили во 1999 година за кои не му се судело во Хаг.
Од друга страна, како што јави РТК, косовското Собрание побара ослободување на Харадинај со оценка дека во прашање е монтиран политички процес против него.
Харадинај беше приведен минатата среда на аеродромот Милуз во францускиот дел на Базел, врз основа на потерница издадена од Србија во 2004 година и од тогаш се наоѓаше во притвор.
Тој во Србија е осомничен за воени злосторства врз цивилното населени во Дукаѓини во 1998 и 1999 година, кои не се опфатени со обвинението на Хашкиот трибунал, од кое тој е правосилно ослободен.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
