Македонија
5. January 2017 - 9:17

Фрлени 150 тони сол низ сообраќајниците во Скопје

Екипите на зимската служба на Град Скопје од почетокот на снежните врнежи фрлиле 150 тони сол низ градските сообраќајници и на критичните точки, односно на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони во градот.

Како што информираат од Град Скопје, зимската служба будно ја следи состојбата и интензивно се расчистува на терен.

Градот Скопје препорачува возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Апелираат до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.