-->
-->
Фрлени 155 тони сол на скопските улици и булевари
-->
Вкупно 155 тони сол се фрлени ноќеска (до седум часот утрово) на скопските улици и булевари, особено на критичните места.
Како што соопшти Град Скопје, екипите на Зимската служба се на терен и го расчистуваат снегот и мразот од улиците и тротоарите.
Градоначалникот Коце Трајановски цела ноќ со Зимската служба беше на терен и ги следеше активностите.
Возилата со ринење интервенираа низ градските сообраќајници и на критичните точки - на сите мостови, клучки, надвозници, подвозници и високите зони кон Водно, Пржино, Железара, како и на сите други т.н. „црни точки“ во градот.
- Зимската служба на Градот будно ја следи состојбата на терен и ќе интервенира според потребите. Градот Скопје им препорачува на возачите да возат внимателно и да се придржуваат на условите на коловозите. Потсетуваме дека во надлежност на Град Скопје се булеварите и одредени градски улици, а преостанатите улици се во надлежност на општините и тие се задолжени за нивно чистење и одржување, наведува Град Скопје и воедно апелира до граѓаните, куќните совети и сопствениците на деловните објекти да се придржуваат до законската обврска за чистење на снегот од приодите до нивните објекти.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство
-
Трибина: Состојбите во современиот македонски јазик
-
Преглед на вестите од светот
-
Џафери со отчет за мандатот како технички премиер