Loading Video...
Спорт плус
19. February 2021 - 6:38

Фудбалот и каратето доминираа во изборот на АМС на најдобри спортисто за 2020-та

Агенцијата за млади и спорт ги прогласи најуспешните спортисти за минатата 2020 година, а во него доминираа фудбалот и каратето 
 
На церемонијата што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ очекувано најмногу најголемите признанија однесе фудбалот, а по него каратето. 
 
Историскиот прв пласман на фудбалерите на Европскиот шампионат ја промофира фудбалската селекција на Македонија во најдобар национален тим.
 
Предводниците на оваа репрезентација капитенот Горан Пандев и селекторот Игор Ангеловски ги понесоа признанијата на Најдобар спортист на Македонија и Најдобар селектор, а ФФМ очекувано беше прогласена за најуспешната во изминатата година. 
 
И каратето може да се пофали со дури три лауреати. Вероника Костовска го понесе признанието за најуспешна спортсиска, а нејзините помлади колеги Роберто Ацковски и Магдалдена Божиновска се проглаесени за најуспешни во млади спортисти во машка женска конкуренција.
 
Меѓу лауреатите е и шахистот Владимир Тркаљанов, кој го понесе признанието за најуспешен спортист со инвалидитет.