Фудбал
20. March 2020 - 19:57

Фудбалски клубови бараат помош од ФФМ и државата

Домашниот фудбалски шампионат е во прекин на неодредено време што им   предизвикува големи финансиски загуби  на клубовите кои имаат вработени лица но и професионални фудбалери. Од тие причини денеска Здружението на прволигашите побара помош од  државата и ФФМ. 
Во соопштението испратено  до јавноста се потенцира тешката состојба во стопанството што се одразува и на спонзорствата и донациите за македонскиот фудбал кои најмногу доаѓаат од приватните фирми, потоа продажбата на влезници и други деловни активности. 
Состојбата посебно се влошува бидејќи владините мерки и прекинот на шампионатот од страна на ФФМ се на неодредено време. 
Од друга страна расходите на клубовите се на исто ниво и дури се зголемуваат со продолжувањето на сезоната. 
1. Од тие причини клубовите бараат   намалување за 50% на давачките за пензиско и инвалидско осигурување на фудбалерите и вработените лица. Потоа се бара даночно ослободување како и субвенционирање на платите за фудбалерите и вработените и намалување на придонесите за сите вработени на 50 % додека трае кризата. 
 
Ова барање е доставено до ФФМ од која се бара да го достави до АМС како надлежен орган треба да го  претстави пред владата со напомена дека овие барања кореспондираат со барањата на стопанските комори во Македонија. 
Потсетуваме дека фудбалското првенство е во прекин а еден од термините за негово продолжување како што се најавува е 3-ти мај за кога е најавено продолжување на поголемиот дел од европските национални првенства.