ФЗО проверува зошто доктори од внатрешноста земаат и по 2000 евра плата, а пациентите ги праќаат во Скопје
Доктори во болниците од внатрешноста земале и по 2000 евра плата, а пациентите завршувале на лекување во Скопје. Од Фондот за здравство посочија дека некои специјалисти во други градови ги злоупотребувале сите можни додатоци како работа во смени и дежурства без соодветно да ги третираат болните туку само ги препраќале на Клинички, во Стара градска или во ГОБ 8 септември.
-Во основа имаме проформа на 24 часовна здравствена заштита, рече Сашо Клековски, директор на ФЗО.
Во меѓувреме тројца директори на Клинички кои си ги натплатиле месечните примања според нивни неправилни пресметки, вратиле во здравствената каса околу 25.000 евра.
Од друга страна, директорот на Фондот истакна дека во моментот во Макједонија како социјална држава нема категории на граѓани што не се покриени со здравствено осигурување. Но, податоците покажуваат дека од околу 1.800 000 осигуреници, секој 4-ти е осигуран како невработен.
Затоа со другите надлежни институции работат на 3 реформи во оваа област. Првата група се осигурениците што непосредно останале без работа и лица кои имаат непријавени приходи поради работа на црно и граѓани кои живеат и работат во странство).
-Овие лица не би требало да бидат осигурени со бесплатно здравствено осигурување - рече Клековски.
Се анализираат потребите и можностите за независно здравствено осигурување на малолетни лица до 18 години, да не бидат осигурани на таткото или мајката, а треттата реформа се однесува на лицата кои работат во флексибилни форми на ангажман.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
