Габриел: Заштитата на личните податоци е европска вредност

Заштитата на личните податоци е европска вредност за која нема преговори, изјави денеска европската комесарка за дигитализација Марија Габриел во врска со скандалот околу Фејсбук и „Кембриџ Аналитика“.
- Ги почитуваме нашите светски партнери, но во суштината на транзицијата кон новите технологии треба да бидат луѓето, рече Габриел.
Таа нагласи дека довербата треба да е основа на одговорноста и на транспарентноста за начинот на користење на податоците.
- Без доверба не можеме да ја оствариме дигиталната транзиција, потенцира Габриел.
Еврокомесарката повика во следниот Буџет на ЕУ средставта предвидени за дигитализацијата да бидат во согласност со целата на Унијата за постигнување на лидерската улога во светот во тој сектор.
Според Габриел, ЕУ досега за дигитализација извдоила една милијарда евра, а до 2020 година е предвидена уште една милијарда.
Ново на Сител
-

Трамп најави дека Куба е „следна“
-

Прекумерната тежина е сериозна хронична болест во Македонија
-

Во Македонија горивата до 30 отсто поевтини отколку кај соседите
-

Во Турција уапсен претседател на македонски фудбалски клуб, шверцувал злато
-

Почнува летното сметање на времето
-

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми
-

Трамп се закани со повлекување на поддршката за НАТО поради „нелојалноста“ на Европа
-

Мицкоски ќе се обрати на настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“
