-->
-->
Гардијан: Бајден не ја исклучува можноста за средба со Путин на самиот Г-20 на Бали
-->
Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не ја исклучува можноста за средба со рускиот колега Владимир Путин за време на самитот на Г-20, што следниот месец ќе се одржи во Индонезија.
-Ќе видиме, им рече Бајден на новинарите на прашањето дали ќе го искористи состанокот на Г-20 во Бали, како можност директно да разговара со Путин, јави Гардијан. Меѓутоа, засега остануваат непотврдени плановите за патување на двајцата лидери на самитот, а Белата куќа соопшти дека доколку Путин присуствува на Г-20, тогаш треба да присуствува и украинскиот претседател Володимир Зеленски, дури иако Украина не е членка на групата.
Гардијан пишува дека се уште не е познато дали Путин ќе присуствува на самитот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер