Герасимовски за Сител: Нова градинка кај Клинички центар и дом за стари лица на Водно

Кандидатот за втор мандат и актуелен градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, во гостувањето во „Тема на денот“ во вестите на ТВ Сител истакна дека фокусот во неговата програма е насочен кон најмладите и највозрасните жители.
„За родителите и учениците, во новата програма предвидуваме мерки за значителна заштеда на семејниот буџет. Сите ученици од прво до четврто одделение ќе имаат бесплатен и здрав оброк, а учениците од петто до деветто одделение бесплатна екскурзија низ Македонија,“ рече Герасимовски.
Тој потсети дека општината веќе обезбедила бесплатни ранци за првоодделенците и бесплатни униформи.
,,Последните четири години вложивме многу и во нашите градинки. Денес условите се подобри и од приватните, а цената е само 1.490 денари. Сите градинки се реконструирани, а ја изградивме и модерната градинка „Пролет,“ која стана пример за сите останати.Во следниот мандат почнуваме со изградба на нова градинка кај Клиничкиот центар, со капацитет за 100 деца и 25 воспитувачки. Планираме воведување на двосменски престој во градинките, за да им излеземе во пресрет на родителите. Веќе имаме успешен пример во „Пепелашка,“ каде функционира двосменска група со ужина, одмор и воспитувач, рече градоначалникот.
Посебен акцент Герасимовски стави и на грижата за пензионерите.
„Локацијата за нов Дом за стари лица е веќе определена , на Водно, со алтернативна можност во Капиштец. Домот ќе биде изграден на два ката, со вкупна површина од 400 квадратни метри и земјиште од 2.000 квадратни метри. Првично е замислено да биде за 50 лица, но најверојатно оваа бројка ќе биде поголема. Престојот ќе биде со минимална партиципација од 12.000 денари месечно, значително пониска цена во споредба со приватните домови,“ рече Герасимовски.
ИШ на Горан Герасимовски
Ново на Сител
-

Еден загинат и најмалку 30 лица повредени во руски напад на Киев
-

Без струја улици во Гази Баба и Ѓорче Петров
-

Променливо облачно, попладне со локален дожд и грмежи
-

Песков: Нема мировни преговори додека укрианската армија не се повлече од Донбас
-

МЗ: На Хематологија нема недостиг на лекови и терапија за пациентите, ниту застој во обезбедувањето неопходен медицински третман
-

Путин доби овластување да одобрува воени операции за спасување Руси приведени во странство
-

Д-р Стојановски: Со рамномерен регионален здравствен развој ќе нема листи на чекање
-

Сиљановска Давкова: Прашањето за македонскиот јазик, историја и култура е апсолвирано
