Герасимовски: Започнува реконструкцијата на улиците „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“
Во насока на зголемување на безбедноста на пешаците и велосипедистите, вклучително и нормализирање на сообраќајот во Дебар Маало, од понеделник (7.2.) започнува реконструкција на три сервисни улици.
Согласно општинската програма за реконструкција и рехабилитација на улици, денес се вршат подготвителните работи, за веќе од понеделник да започнат градежните зафати на „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“.
На улицата „Дебарца“ ќе се реконструира коловозот на површина од 1500 м2 и ќе се постават нови рабници на тротоарите, во должина од 450 метри. Улицата „Црвена Вода“ ќе добие нов коловоз на површина од 650 м2 и нови рабници од двете страни на улицата, во должина од 400 метри, а реконструиран коловоз ќе добие и улицата „Партизанска“, на површина од 1300 м2, со нови рабници од двете страни, во должина од 500 м2.
„Со овие три реконструкции на жителите им овозможуваме одвивање на сообраќајот по нов коловоз, истовремено водејќи сметка и за добросостојбата на пешаците и велосипедистите. Со реконструкциите ќе продолжиме и во идниот период, со цел создавање на безбедна и функционална сообраќајна мрежа на територијата на цела општина“, изјави градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски.
Реконструктивните зафати на „Дебарца“, „Црвена Вода“ и „Партизанска“ ќе завршат кон крајот на месец мај, а наредни улици за реконструкција се „Петар Поп Арсов“, „Рајко Жинзифов“, „Ристо Шишков“ и „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“.
Ново на Сител
-

Очевидци: Повеќе лица се повредени во експлозијата на аеродромот во Ријад
-

Кристијано Роналдо заработи суспензија од Португалската федерација
-

Силна експлозија на аеродромот во Ријад, авиокомпаниите откажуваат летови
-

Повеќе објекти осветлени во зелена боја како симбол на солидарност и нов живот
-

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата, клевети, навреди и измислици не поминуваат
-

Уапсен 31-годишник, кршел низ домот на својот чичко, па ја истепал сестра му
-

Ѓорѓиевски: Градските цвеќарници повторно ги ставаме во функција
-

Царинска управа: На Богородица спречен шверц на заштитени видови змии
