Loading Video...
Спорт плус
9. јуни 2020 - 15:37

Германците покрај фудбал играат и кошарка

Веќе неколку седмици Германците може да ги следат фудбалските натпревари, барем засега преку телевизиските преноси, но од завчера активни се и кошаркарските екипи во Бундес лигата. 

Вечерва на програмата во Германија, е првиот натпревар од полуфиналето во националниот фудбалски куп или популарниот „ДБФ Покал“. 

Најпријатното изнајдување во купот тимот на Сарбрикен кој се натпреварува во дури четвртата по квалитет германска лига, за место во финалето вечерва од 20:45 часот пред својата публика ќе го започне мечот против фаворизираниот Баер Леверкузен.

Во истиот термин утревечер својот меч за влез во големото финале ќе го играат бранител на трофејот од минатата година минхенски Баерн и Ајнтрахт Франкфурт. 

Покрај фудбалот кај Германците актуелна е и кошарката. Имено. Германската федерација изнајде начин како да го доврши шампионатот, па на завршниот турнирски систем кој се игра во Берлин, настапуваат десетте најдобри екипи. 

Големо изненадување вчера приреди тимот на Креилсхајм Мерлинс кој го победи фаворизираниот состав на Алба Берлин со 91-82. 

Тимот од Берлин вечерва ќе има шанса за поправен, во мечот од второто коло во Б групата, во кој за противник ќе ја има екипата на Бамберг, додека во првиот денешен натпревар ќе играат Лудвисбург и Франкфурт.