Loading Video...
Тенис
3. May 2020 - 16:49

Германците „тестираа“ - се игра тенис и со заштитни маски

Егзибицискиот или подобро речено „ТЕСТ“ тениски турнир се одржува во германскиот град Хоер-Гренжаузен, 
 
Ова е првиот турнир на кој настапуваат тенисерите откако на почетокот на месец март поради пандемијата професионалната сезона беше прекината. 
 
На турнирот што се игра за паричен фонд од 25.000 американски долари, најдобро рангирани во Гренхаузен се Дастин Браун кој пред заврзувањето на АТП ранкинг листата беше на 239-тата, додека неговиот сонародник и денешен противник Јаник Хафман е 342-то место. 
 
Мечевите се играат без линиски судии и без собирачи на топчиња, но и во скратен формат, и со скратени односно до четири добиени гема или тај-брејк по шестиот гем, а дел од тенисерите носеа и заштитни маски за време на мечот.
 
Германската тениска федерација планира да организира серија на слични турнири почнувајќи од јуни и тоа со зголемен број учесници од 24 до 32 тенисери на турнир.
 
Ова можеби на некој начин е и вовед во продолжувањето на професионалната тениска сезона, која барем засега останува во мирување до средината на јули.