Loading Video...
Свет
4. August 2020 - 21:01

Германија е во вториот бран на коронавирусот, предуредуваат тамошните експерти

Германија е во вториот бран на коронавирусот, предуредуваат тамошните експерти неколку дена откако во Берлин се одржаа демонстрации против рестикциите. Според германскиот лекарски синдикат, Германија може да го прокоцка успехот што го достигнала досега. Синдикатот смета дека германскиот систем за здравствена заштита е добро подготвен за зголемувањето на бројот на заразените, но ги предупреди граѓаните нема причина за опуштање. Бројот на заразени лица во Германија се зголеми во последните неколку дена, поради што политичарите и експертите ги повикуваат граѓаните да се придржуваат повеќе кон мерките за физичка оддалеченост.

Снимка од камерата на униформираниот полицаец кој го уби Џорџ Флојд протече во јавноста. Снимката ја објави лондонски Дејли Мејл, а како што може да се види на неа, Флојд во задниот дел од својот автомобил се бори за живот и моли да го застрелаат.

Медиумот не откри како дошол до снимките од полициските камери, но властите во Минесота веќе го истражуваат протекувањето. Сега веќе поранешниот полицаец Дерек Човин е обвинет за убиство, а останатите полициски службеници кои учествуваа во апсењето се обвинети за помагање во убиство. Смртта на Флојд резултираше со масовни протести ширум Соединетите Американски Држави, кои подоцна се прелеаја насекаде низ светот.

Ураганот Исаја ја погоди сојузната држава Северна Каролина, а брзината на ветрот достигна и до 140 километри на час, соопшти Националниот центар за урагани. Исаја првично беше каратекризиран како тропска бура, но потоа прерасна во ураган од прва категорија. Две лица ги загубија животите во ураганот на Карибите. Претходно, американските власти предупредија дека е можно поплавување на реки долж источниот брег. Ова е десетта бура која годинава ги погоди САД.