-->
-->
Германија очекува нормализирање на туризмот во текот на летото
-->

Германската Влада не смета на нормализирање на туристичкиот пазар пред летото, изјави денеска портпаролот на германското Министерство за економија.
– Мислам дека следните два до три месеци ќе биде тешко да се замислат патувања, изјави германскиот владин комесар за туризам Томас Бареиш за германските медиуми.
Тој очекува туристичкиот пазар да почне да се опоравува во вториот квартал и целосно да заживее до летото.
На лето, според проценката на демохристијанскиот политичар, туристички патувања ќе бидат можни не само во рамките на Германија, туку и интерконтинентални патувања.
– Ако навистина успееме да ги вакцинираме повеќето граѓани во вториот квартал, ќе имаме релативно безбедна ситуација кога станува збор за патувања, рече Бареиш.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Почина Владо Јаневски
-

Пет активни пожари на отворен простор, соопшти ЦУК
-

Путин: Русија минува низ тежок период, но ќе ги надмине сите закани
-

Уапсени 14 возачи за безобѕирно управување возило
-

СЗО: Над 1.300 луѓе починаа поради топлотниот бран во Европа
-

Осум пожари на отворено во текот на денов, три сè уште активни
-

Кривична за 42 годишна жена, ги оставала своите деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа
-

ЈО: Насилна е смртта на жената од Таор, за убиството осомничен поранешниот сопруг
