Loading Video...
Свет
25. January 2023 - 16:30

Германија одлучи да и испорача на Украина борбени тенкови „Леопард“

Германската влада по долго колебање одлучи да и испорача на Украина  борбени тенкови Леопард 2. Владата на Шолц исто така одлучи да им дозволи на другите земји  да даваат или продаваат германски тенкови на Украина. Германците ќе ја помогнат украинската борба против руската инвазија со 14 леопарди.

-Не се работи за испорака на каква било воена машина или оружје, туку за еден од најдобрите борбени тенкови што постојат во светот. Ова е важен менувач на играта, веројатно и во оваа војна. барем во сегашната фаза на војната. И тоа не се одлуки што една земја-членка на НАТО ги носи сама. Но, едно е јасно: Нема да станеме страна во војната. Ќе се погрижиме за тоа порача гермнаскиот минситер за одбрана Борис Писториус.

 И Вашингтон објави дека ќе испрати најмалку 30 тенкови М1 Абрамс за потребите на украинската војска, и покрај претходната загриженост дека возилата не се соодветни за конфликтот.

Помошта во тенкови Киев ја смета за клучна за поразување на руската војска, но за Кремљ е непотребна провокација.  

Кога тенковите Леопард и Абрамс ќе се најдат на бојното поле и чија ќе биде посадата која ќе управува со нив засега нема информации.

Авганистан се соочува со една од најстудените зими, со температури до минус 28 степени Целзиусови. Најмалку 157 лица починале од премрзнување мината недела. Јапонија извести за нова снежна бура во која загинало најмлку едно лице. 

Снегот во многу делови на Јапонија  предивика прекин на патниот и железничкиот сообраќај  и откажување на стотици летови.  А  снег, за првпат по 11 години падна во пустинските области во југозападниот дел на Алжир.

Жителите на Пјонгјанг добија наредба да останат  дома  од денеска до недела. Во соопштението на севернокојнеската влада не се споменува која е причината за петдневниот карантин, но од  жителите се бара да мерат темпратура неколку пати на ден и да ги споделат податоци со здраствените власти .Ова е прва ваква мерка откако Северна Кореја прогласи победа над Ковид 19 во август мината година.