Германија се соочува со политички потреси на покраинско ниво

Според истражувањето на јавното мислење на агенцијата „Инфратест Димап“ Германија се соочува со сериозни потреси на покраинската политичка сцена каде што владејачките партии на федерално ниво се во дефанзива во неколку региони пред покраинските избори закажани за 13 март.
Во покраината Баден - Виртенберг на десет дена пред изборите во водство се „Зелените“ кои што имаат 32 отсто поддршка (На изборите 2011 - 24,11 отсто). На второ место е ЦДУ на канцеларката Меркел (во 2011 - 39 отсто) а трети се социјалдемократите со 13 отсто или пад од десет отсто во споредба со изборите во 2011 година.
Антиимигранската партија АФД која е формирана во 2013 година сега има поддршка од 13 отсто, Слободните демократи (ФДП) осум отсто Левицата два отсто а останатите партии заедно околу два отсто.
Според анкетите доколку граѓаните можат да гласаат директно за „министер претседател“ односно премиер на покраината Баден - Виртенберг тоа би бил кандидатот на Зелените Винфред Кречмар при што за него би гласале 64 отсто од граѓаните и дури 45 отсто од гласачите на противничката ЦДУ.
Според предвидувањата во покраината Рајна Палатинат на изборите треба да се преслика состојбата од федералната влада и изборите во 2011 година. Во водство е ЦДУ со 36 отсто доверба а зад неа е СПД со 34 отсто.
Истражувањето на јавниот сервис АРД од неделата покажува дека во покраината Саксонија - Анхалт во водство е ЦДУ со 31 отсто што е за 1,5 отсто помалку од пред пет години, на второ место е Левицата со речиси 24отсто, а најголем раст има антиимигрантската „Алтернатива за Германја“ (АФД) која достигна 19 отсто поддршка од граѓаните.
Резултатите од покраинските избори во Германија (годинава треба да се одржат во пет покраини) ќе бидат најдобар показател за исправноста на политиката на отворени врати на канцеларката Меркел и стабилноста на германската владина коалиција која догодина ќе оди на редовни избори.
Ново на Сител
-

Папата Лав XIV ги повика богатите католици од САД да продолжат со донациите
-

Јужнокорејскиот министер за надворешни работи разговараше со иранскиот колега за Ормуз
-

Русија за седум дена лансира 1.600 дронови кон Украина, значително помалку од минатата недела
-

МВР: Приведени 14 лица за безобѕирно управување возило, меѓу нив и малолетник без возачка
-

Двајца малолетници повредени при сообраќајка во Штип
-

Приведени пет лица за семејно насилство
-

Приведени двајца кавадарчани, едниот возел без возачка дозвола, другиот под дејство на алкохол
-

Приведено 24-годишно момче кое со нож нападнало две лица во Кичево
