Германска компанија ќе инвестира во Желино, најавени 350 работни места

Германската компанија за производство на седишта за автобуси и возови „Франц Кил“ ќе инвестира во тетовско Желино. Во почетокот ќе произведува седишта за автобуси за потребите на белгиската компанија „Ванхол“ која веќе работи во Македонија, а потоа се планира производството да се пласира и во Европа, Азија, Америка и други светски пазари.
Во првата фаза ќе бидат отворени 60 работни места, а во иднина бројката на нови работни места да достигне до 350. Вкупната инвестиција се проценува од 6 до 7 милиони евра.
Инвестицијата денеска во Скопје ја најави извршниот директор на компанијата Герхард Хелвек, кој рече дека ќе започнат со браунфилд инвестиција во постоечки објект почнувајќи со работа од 1 јуни.
Тој истакна дека одлучиле да инвестираат во Македонија поради економската стабилност и едукацијата на кадарот.
- Севкупниот пристап на Македонија во текот на годините е да биде демократска земја и сосема е можно да има промена на политички партии и влади поради избори. Ние не гледаме на период од 5-6 години, туку на период од 20 години така што е сосема нормално дека се можни промени. Многу поважна е стабилноста која што ние ја увидовме во пристапот кон индустријата што влегува во Македонија, почнувајќи со добар образовен систем. Има многу студенти во многу полиња во Скопје и Тетово и јас сум импресиониран. Позитивно гледам на иднината бидејќи веруваме дека едукацијата и луѓето се најголемата инвестиција на оваа земја и за компаниите, како и основа за успех. Затоа не сме многу врзани со политичкиот аспект, но секако индустријата има потреба од стабилност за да се воспостави процесот, истакна Хелвек.
Според директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Виктор Мизо, ваквите инвестиции се дополнителен ефект од веќе постоечките компании кои инвестирале во Македонија.
- Во овој случај имаме уште една компанија која доаѓа како добавувач на „Ван хол“ што значи дека го гледаме дополнителниот ефект од веќе постоечките инвеститори кои работат во Македонија и го прошируваат своето производство, полека да ги носат и своите добавувачи, нагласи Мизо.
Во иднина се планира да се произведуваат и седишта за железничката индустрија со што се очекува Македонија да има директен извоз и за Европа, Азија и за САД.
Првите контакти со компанијата се направени во декември 2015 година со поддршка од компанијата за производство на автобуси „Ван хул“.
Ново на Сител
-

Сиљановска: Оставете не да се европеизираме
-

СП 2026: Еуфорија во БиХ пред првиот натпревар, поддршка даде и американски генерал
-

Нетанјаху: Иран нема да добие нуклеарно оружје додека сум јас премиер
-

Николоски: Договорена директна авиолинија Анкара-Скопје и карго железничко поврзување
-

Американско-израелскиот мировен меморандум може да биде потпишан во недела во Женева
-

Македонија ја зајакнува еколошката правда, потпишан Меморандум за соработка со француските партнери
-

Економската соработка, трговијата и инвестициите во фокусот на денешниот бизнис-форум Северна Македонија - Турција
-

Стабилна е состојбата на штипјанецот кој вчера се здоби со изгореници од втор степен гаснејќи пожар во неговата викендица
