Германски министер предлага законско право на работа од дома
Германскиот министер за труд Хубертус Хајл изјави дека планира да предложи воведување законско право на работа од дома во случаи во кои тоа е изводливо, со што тоа би станало можно и откако ќе заврши пандемијата на коронавирусот.
Во изјава за весникот „Билд ам зонтаг“, тој рече дека таков закон сака да предложи на есен, и оти, според првичните проценки, за време на пандемијата процентот на луѓе кои работат од дома се зголемил од 12 на 25 отсто, со што сега работно се ангажирани вкупно околу осум милиони луѓе.
– Сите кои тоа го сакаат а работата им го дозволува тоа, би требало да бидат во можност да работат од дома, дури и кога ќе заврши пандемијата на коронавирусот. За време на пандемијата, дознаваме колку работа во денешно време може да се заврши од дома, рече Хајл.
Социјалдемократската партија на Хајл, која е малцински партнер во владејачката коалиција што ја предводи канцеларката Ангела Меркел, уште во декември повика на воведување право на работа од дома.
Ново на Сител
-
Во тек e акција за спасување на две лица во Мавровско езеро
-
Син си ја нападнал мајка си, се заканувал со остар предмет
-
Јаневска: Студентскиот оброк ќе остане 140 денари, ќе се прошири опсегот и ќе опфати повеќе студенти
-
Приведен крадец во Велес, одземеното е вратено на сопственикот
-
Администрацијата на Трамп разгледува визни рестрикции за 41 земја
-
МВР: Претреси во Пробиштип и во Маврово и Ростуше, пронајдена дрога, приведени две лица
-
Во Белград целосно е запрен јавниот градски превоз
-
Германски претседател: Социјалните мрежи ја уништуваат критичката мисла