Бизнис
7. April 2016 - 14:39

Германскиот претседател бара брза интеграција на бегалците за да се спречи екстремизмот

Шефот на германската држава Јоаким Гаук бара брза интеграција на бегалците по нивното пристигнување во земјата за да се превенира ризикот од влез на политички и религиозен екстремизам.

Претседателот Гаук кој е поранешен свештеник во Источна Германија бара да се користи искуството од други држави кое покажува дека најдобра опција е бегалците поскоро да научат германски и најдат работа.

- Во спротивно ризикуваме незадоволството да доведе до криминал и насилство или да процвета религиозен и политички фанатизам, вели Гаук. Германскиот претседател нема реална политичка моќ во неговата земја но неговите зборови имаат значително влијание на моралните дилеми со кои се соочуваат неговите сонародници.