Германските конзервативци се договорија за бегалците
Премиерот на германската сојузна покраина Баварија и лидер на Христијанско социјална Унија (ЦСУ), Хорст Шефер, кој е најголемиот критичар на германската канцеларка Ангела Меркел по прашањето за бегалците, е задоволен од компромисот постигнат меѓу германските десничари за време на викендот, јави дописникот на МИА од Берлин.
Иако канцеларката не го испочитува барањето до вчера да биде преземена конкретна акција во врска со бегалците, лидерот на ЦСУ е задоволен од заедничкото соопштение испратено од двете сестрински партии во врска со бегалците.
Според соопштението, ЦСУ, која функционира само во Баварија и Христијанско демократската унија (ЦДУ) на Меркел, која ги покрива останатите делови на Германија, повикуваат на намалување на бројот на новодојдени бегалци и за изградба на „транзитни зони“ во кои ќе бидат сместени азилантите кои немаат реални шанси да добијат азил, меѓу нив и луѓето од Македонија и другите балкански земји што се сметаат за безбедни.
Преговорите меѓу ЦСУ и ЦДУ продолжуваат в четвртокм а баварските конзервативци инсистираат Берлин да преземе мерки со кои ќе биде запрен бранот бегалци.
Како резултат на либералната политика на Германија, која и покрај вонредните контроли на својата граница, до крајот на годината може да прими до еден милион бегалци, значително е намален рејтингот на гермаснките водечки политичари.
Досега во Германија во 2015 година влегле над 600 илјади мигранти од кои само тие што ќе докажат дека се од Сирија и Ирак имаат обезбеден азил. Останатите ќе бидат вратени дома.
Владата на Авганистан денеска се согласи да прими назад неколку стотини државјани на оваа земја кои се репатрирани откако нивните барања за азил беа одбиени.
Ново на Сител
-
Опасност од нови силни врнежи: Жителите на Валенсија повикани да останат во своите домови
-
Новинарка во Скопје добила закани на социјалните мрежи
-
Пријава за сомнение за киднапирање на дете
-
Четворица мртви и 17 повредени во верижен судар во Мичиген
-
Силен земјотрес од 5,2 степени го погоди Халкидики
-
Орбан: Победата на Трамп ќе ја натера Европа да ја преиспита поддршката за Украина
-
Мајка пријавила во полиција обид за грабнување на нејзината тригодишна ќерка
-
Ембер и Зверев во финалето на Мастерсот во Париз