Германските синдикати најавија штрајк во јавниот превоз низ целата земја
Двата главни германски синдикати, ЕВГ и Верди, денеска најавија штрајк што ќе влијае на јавниот превоз низ целата земја, што ќе ги вклучува меѓуградските и локалните возови, како и автопатите и аеродромите.
Двата синдиката за понеделник најавија таканаречена заедничка индустриска акција, што доаѓа по бројните претходни штрајкови во претходните месеци кои ги погодија сите делови на германската економија.
„Ќе има сериозни доцнења, па дури и прекин на транспортните услуги во сите опфатени области низ земјата“, се наведува во соопштението на синдикатите.
Синдикатот Верди ги повика своите членови во седум германски провинции да ги напуштат аеродромите и нивните работни места во локалниот јавен превоз.
Штрајкот има за цел да го зголеми притисокот врз владата и локалните власти пред третиот круг преговори, што почнува во понеделник.
Синдикатот Верди бара зголемување на платите за 10,5 отсто и најмалку 500 евра месечно повеќе за вработените во јавниот сектор.
Пред два дена, лекарите од јавните болници стапија во штрајк во осум германски сојузни покраини за да го зголемат притисокот за време на преговорите за колективните договори, додека денеска треба да се одржи предупредувачки штрајк во другите сојузни покраини.
Здружението на лекарите „Марбургшка унија“ што опфаќа околу 50.000 лекари во државните клиники во Германија бара прилагодување на платите на стапката на инфлација од 10 отсто и дополнително зголемување од 2,5 отсто.
Ново на Сител
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога