Гевгелија и Богданци заедно ќе изготват програми за енергетска ефикасност
Општините Гевгелија и Богданци ќе спроведуваат заеднички активност за изготвување на програмите за енергетска ефиаксност. Ова е договорено денеска меѓу претставници на двете локални самоуправи на првиот прелиминарен состанок.
Програмата за енергетска ефикасност не само што е од суштинско значење за мониторинг на потрошувачката на електрична енергија во општинските објекти што се во надлежност на локалните самоуправи, туку е и законска обврска од која произлегува следење на потрошувачката и предлагање мерки за нејзино можно намалување, беше истакнато на состанокот што се одржа во Гевгелија.
Претставниците од двете општини истакнаа дека активностите се веќе започнати и дека наскоро ќе следува снимање на потрошувачката на електрична енергија пооделно за секој објект, поставување на резултатите од мерењето во базата на податоци потребна за изготвување анализа и утврдување на предлог решенија за намалување на потрошувачката.
Ново на Сител
-
Германија го олесни влезот на работници од земји вон ЕУ, двојно зголемен бројот од Западен Балкан
-
Горела ниска вегетација кај скопско Ново село
-
114 сообраќајни санкции во Скопје
-
Околу 15 илјади кандидати полагаат мајчин јазик – Првиот испит од државната матура
-
Без струја дел од улицата од Центар
-
Финале на ЛШ: Рекорден триумф на Реал или последен победнички танц на Ројс со Борусија?
-
Хамас соопшти дека го одобрува планот на Бајден за мир во Газа, Израел испрати преговарачи
-
Трамп: Судењето беше многу нефер