Loading Video...
Спорт плус
17. January 2020 - 11:58

„Гигантските“ олимписки кругови пристигнаа во Токио

Неполни шест месеци пред почетокот на најголемиот светски спортски настан Летните Олимписки Игри, во градот домаќин Токио пристигнаа „гигантските“ олимписки клугови. 
 
Петте олимписки круга изработени од челик со должина од 32,6 местри односно височина 15,3 метри ќе бидат поставени на „Одаиба Марина Паркот“. Градските власти на Токио на овој начин почнуваат со брендирање на јапонскиот главен град во духот на олимпизмот. 
 
Организаторите најавуваат и официјална церемонија за 24 јануари кога ќе почне и одбројувањето на последните шест месеци пред стартот на игрите кои ќе се одржуваат од 24 јули до 9 август