Loading Video...
Тенис
1. March 2021 - 17:00

Ѓоковиќ го израмни рекордот на Федерер, Барти и натаму водечка на ВТА листата

Вообичаено понеделнички се објавуваат најновите тениски ранг листи на кои и натаму водечки се Новак Ѓоковиќ и Ешли Барти 
 
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ кој неодамна го освои деветтиот трофеј на Австралија Опен останува на врвот на АТП ранг листата. 
 
За Ѓоковиќ ова е веќе 310-та недела како се наоѓа на првото место со што Србинот го израмни рекордот на Роџер Федерер и се наоѓа на седум дена од историја.
 
Имајќи ја в предвид огромната бодовна разлика од над 2.000 поени во однос на второ рангираниот Рафаел надал, јасно е дека Ѓоковиќ и следниот понеделник (8 март) ќе остане на првото место со што ќе стана рекорден во оваа категорија. 
 
Инаку на Ѓоковиќ му недостасуваат уште два трофеи од турнирите од големата четворка за да ги достигне ривалите Федерер и Надал, кои имаат по 20 Гренд-слем трофеи, а Србинот 18. 
 
Што се однесува до АТП ранг листата нема промени во ТОП 10-те. 
 
Иста е ситуацијата и кај дамите. И натаму прво рангирана е Ешли Барти од Австралија, пред Наоми Осака, Симона Халеп, Софија Кенин и Елена Свитолина во ТОП 5 конкуренцијата.