Loading Video...
Тенис
14. September 2020 - 14:12

Ѓоковиќ и Барти остануваат лидери на тениските листи

Понеделнички вообичаено се објавуваат најновите тениски ранг листи. 
 
По завршувањето на УС опен, без промени на АТП и ВТА листите барем што се однесува до првите позиции. 
 
Кај мажите, иако не се прослави во Њујорк, сепак Новак Ѓоковиќ и натаму е водечки тенисер, пред Рафаел надал кој остана на втората позиција.  
 
Победникот на УС Опен, Доминик Тим се зацврсти на третото место, но сега само со 725 бодови помалку од Шпанецот, односно над 1.700 бодови помалку од лидерот Ѓоковиоќ
 
Кај демите, лидер на ВТА листата е Австралијката, Ешли Барти, пред Романката, Симона Халеп, додека Наоми Осака која триумфира на УС Опен направи скок од шест места, па сега јапонската тенисерка е на третата позиција.